Британецот Адам Пити ја продолжи својата доминација во дисциплината 100 метри градно. Пити во оваа дисциплина е непоразен во последните пет години на големите натпреварувања.
Пити, во финалето на Светското првенство во Гвангжу, делницата ја исплива со време 58.14 секунди и го освои златниот медал. Второто место му припадна на неговиот сонародник Џејмс Вилби (57.46), а до бронзата исплива Јан Зибеи од Кина (58,63).
Инаку, Пити во неделата, во полу-финалето стана првиот човек што делницата од 100 метри ја испливал под 57 секунди (56.88 секунди). Златото во Гвангжу е трето за него на Светските првенства.
Слично како Пити, својата доминација ја продолжи и 30 годишната Унгарка Катинка Хошу. Во дисциплината 200 метри мешано таа го освои четвртиот златен медал на Мундијалите.
Во финалето во Гвангжу, Хошу забележа време 2.07.53 минути и победи пред Кинеската Шивен Је (2.08.60) и Канаѓанката Сиднеј Пикрем (2.08.70).
Големо изненадување се случи на трката во женска конкуренција, на 100 метри градно. Маргарет Мекнил успеа да ја изненади големата фаворитка Сара Сјестрем од Шведска.
Мекнил пливаше 55.82 секунди, Швеѓанката забележа резултат 56.22, а за третата позиција се избори Ема Мекион од Австралија (56.61).