Top Sport

Пјонгчанг: Фак освои сребро за Словенија ЗОИ во бијатлон

Словенецот Јаков Фак (30) го освои сребрениот медал во бијатлон, во индивидуалната трка на 20 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Златото му пропадна на Јоханес Тингнес Бое од Норвешка.

Јаков Фак, кој е роден во Риека, но настапува за Словенија, на 20-километарката трка беспрекорно пукаше, но во трчањето не можеше да се носи со шест години помладиот Бое.

Норвежанецот кој имаше две промашувања на стрелиштето со време 48:03.8 минути го освои златниот медал, а Фак задцни за 5,5 секунди. Бронзата ја освои Австриецот Доминик Ландертингер кој оставри резултат 48:18.00 минути.

Норвежанецот Бое, кој е трикратен светски правк, го освои својот прв медал на ОИ, додека Фак стигна до својот втор олимписки медал, откако во 2010 година во Ванкувер ја освои бронзата.

Scroll to Top