Олимпискиот пламен денес пристигна во Токио. Според планот до почетокот на Олимписките игри пламенот треба да ја мине цела Јапонија.
Организаторите на Олимписките игри во Токио, во четвртокот, го презедоа олимпискиот пламен во Атина. Церемонијата поради коронавирусот беше одржана без присуство на публика.
На Олимпискиот стадион „Панатинаико“ на кој во 1896 година се одржале првите модерни Игри, на претставникот на Токио, олимпискиот пламен му го врачил првиот човек на Олимпискиот комитет на Грција, Спирос Цапралос.
Инаку пламенот беше запален во древната Олимпија пред една недела, но неговиот пат низ Грција поради коронавирусот траеше само 24 часа.
Олимписките игри во Токио би требалод а се одржат според планот од 24 јули до 9 август.