Надежите на светската тенисерка број 1, Симона Халеп дека ќе стигне до хет-трик титули од Мадрид опен завршија откако таа загуби со 6:4/6:3 во четврт-финалето од Чехинката Каролина Плишкова.
Романката изгледаше незапирлива на патот до Плишкова, но Чехинката го одмазди поразот на нејзината близначка Кристина во средата. Ова е прв пораз на Халеп во Мадрид по 15 меча.
Плишкова, која има шест победи на земјена подлога против Халеп, сега ќе игра од подобрата од дуелот меѓу нејзината чешка сонародничка Петра Квитова и младата Русинка Дарја Касаткина.
Марија Шарапова беше сопрена во четврт-финалето од Холанѓанката Кики Бертенс, која се врати за 4:6/6:2/6:3 победа и пресметка со Французинката Каролине Гарсија, која со 6:2/6:3 беше подобра од домашната тенисерка, Карла Суарез Наваро.
Фото: ЕПА