Венус Вилијамс и Јелена Остапенко можеби поминаа три часа и 13 минути на теренот на ВТА финалето во Сингапур, но затоа на Каролина Плишкова и се брзаше – за еден час ја совлада Гарбиње Мугуруза со 6:2/6:2 за пласман во полуфиналето на елитниот турнир како победник во групата.
Мугуруза играше со повреда на левата нога и не се движеше најдобро на теренот, но Чехинката по победата над Вилијамс во првиот меч не покажа милост, освојувајќи го првиот сет експресно. Во вториот таа поведе со 5:0 и пропушти една меч-топка, пред Мугуруза да направи брејк за да го продолжи мечот.
За Плишкова ова е седма победа во девет меча против Мугуруза. Шпанката сега ќе мора да се бори за место во полуфиналето против Венус, додека младата Остапенко веќе е елиминирана.