Рајан Лохти, освојувачот на 12 олимписки медали во пливање, доби 14-месечна суспензија, бидејќи ги прекршил допинг правилата.
Казната на Лохти му ја изрече Анти-допинг агенцијата нас САДм поради недозволената употреба на интравенозната инфузија.
Интравенозната инфузија не им е дозволена на спортистите, исклучок е можен само доколку станува збор за лечење препишано од доктор.
Лохти сам објавил фотографија на социјалните мрежи, на која се гледа како прима инфузија, поради што била покрената истрага, која за него лошо заврши.
Инаку, 33-годишниот пливач, во 2016 година, доби 10-месечна суспензија, бидејќи лажеше дека на Олимписките игри во Рио му се заканувале со пиштол.
Тогаш тој рекол дека со уште тројца членови на американскиот олимписки тим бил заробен на една бензинска пумпа, но откако биле прегледани снимките од безбедносните камери, истрагата утврдила дека целиот инцидент го предизвикале Лохти и неговите колеги.