Top Sport

По 150 минути игра го предал мечот: Не можам повеќе, имам корона

Францускиот тенисер, Уго Грение, предал меч поради коронавирусот. Одлуката на Грение во најмала рака е чудна бидејќи тој, пред да го предаде мечот два и пол часа бил на теренот.

Грение, на челинџерот во Бендинг, играл против Салваторе Карусо. Двајцата воделе голема борба, а по 150 минути и водство на Карусо од 4:0 во третиот сет, Грение побарал медицински тајм-аут.

Кога дошол докторот, Грение ја ставил маската и решил да го предаде мечот. Рекол дека има корона, но и покрај тоа се ракувал со противникот.

Scroll to Top