Не се смируваат страстите во Иран. Синоќа во земјата е убиен Али Мутаири, боксерски шампион и познат тренер. Поради големиот инцидент се огласиле Обединетите нации, а спортските сојузи повторно повикуваат на суспензија на земјата од сите меѓународни натпреварувања.
Ова не е прво погубување на спортист во оваа земја. Пред само неколку месеци, во септември 2020. на ист начин животот го загуби и борачот Навид Афкари кој беше осуден за убиство на член на обезбедување на антивладини протести во 2018 година.
„Ерусалим пост“ пишува дека боксерот бил припадник на Исламска држава и како таков нападнал една полициска станица во Иран при што настрадале двајца полицајци.
The Islamic Republic of #Iran continued its execution spree of elite Iranian athletes, with the killing of champion #boxer and prominent sports coach Ali Mutairi on Thursday, in Sheiban prison located in the Khuzestan province.https://t.co/VLMMwsFRp1
— The Jerusalem Post (@Jerusalem_Post) January 31, 2021