Живата легенда на ски-скоковите Јапонецот Нориаки Касаи (47) нема да учествува на традиционалната турнеја „Четири скокалници“. Прв пат по пауза по 25 години Касаи не е пријавен за натпреварите во Оберсторф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофскохен.
Касаи досега во кариерата само еднаш ја пропуштил традиционалната Новогодишна турнеја. Во сезоната 1994/1995 не настапил поради повреда.
Јапонецот сезонава се уште не освоил бодови во Светскиот куп.
„Тешко. Не се чувствува комотно кога сум на скокалницата. Физички се чувствувам добро, нема да се откажам“, рекол легендарниот Јапонец.
За Касаи ова е 31 сезона во Светскиот куп. Најголемиот број од неговите ривали на скокалниците не биле родени кога тој во 1988 година ја започнал кариерата.