Top Sport

По Медведев и Хачанов го тргна руското знаме

Карен Хачанов, тргна по стапките на Андреј Рубљов и Данил Медведев и го тргна руското знаме од својот профил на социјалните мрежи. Овој чекор мораше да го наорави, во спротивно ќе му забранеа да настапува на турнирите.

Интернационалната тениска федерација (ИТФ), минатата недела објави дека руските тенисери ќе можат да се натпреваруваат само доколку го тргнат руското знаме. Хачанов е 26. на АТП листата. Тој е актуелен победник со Русија во Девис купот и носител на сребрениот медал од ОИ во Токио.

Прв тоа го направи Рубљов, пред два дена знамето на Русија од својот профил на „Инстаграм“ го трга и Медведев.

Потегот на Медведе и сега на Хачанов наиде на жестока осуда во руската јавност.

Scroll to Top