Top Sport

По триумфот на Џошуа, Херн објави дека не е заинтересиран за меч со Хрватот Хрговиќ

Филип Хрговиќ се надеваше дека ќе се бори со Ентони Џошуа за светската титула, но најавата на Еди Херн откако неговиот штитеник Џошуа го нокаутира Нгану во Саудиска Арабија покажува дека мечот со Хрватот им е на крај памет.

„Џошуа е најопасниот човек на светот. Нема човек на светот кој може да го победи. Не чека најголемата борба во историјата на спортот кога Џошуа ќе се соочи со Фјури. Те молам Тајсон, победи го Усик!” изјави промоторот на Џошуа.

Затоа е јасно дека сакаат меч против победникот од борбата меѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик. Не го ни спомнаа Хрговиќ. Тој е првиот предизвикувач според рангирањето на ИБФ и се очекуваше да се бори за таа титула на крајот на годината. Џошуа е на второто место на таа листа. Но, откако го растури Нгану во шоуто во Ријад, тој и неговиот импресарио го посакуваат најголемиот спектакл, борбата против победникот од борбата Фјури и Усик, која се одржува на 18 мај.

Очекуваниот спектакл на Џошуа против победникот од мечот во мај е многу лоша вест за Хрговиќ. Тоа значи дека титулата на ИБФ нема да остане празна, а Џошуа ќе се бори со апсолутниот шампион. Хрговиќ нема да се бори со никого за ниту една светска титула бидејќи по споменатиот меч меѓу Џошуа и победникот од мајската борба светската титула ќе има сопственик. Хрговиќ, непоразен со рекорд од 17,0 и кој тврди дека е најдобар во тешка категорија во светот, сè уште нема да добие шанса да го преземе.

Scroll to Top