Чешката тенисерка Каролина Плишкова и Швајцарката Џил Тајхман ќе играат во полуфиналето на тенискиот мастерс турнир во Синсинати.
Плишкова влезот во полуфиналето го осигура со победата на шпанската тенисерка кој при негатива од 7-5 и 2-0 го предаде мечот.
Тајхман, пак која е 76-та светска тенисерка и која направи големо изненадување кога во осминафиналето ја елиминираше втората на ВТА листата, Наоми Осака направи чекор повеќе. Таа во четвртфиналето со 6-3 и 6-2 беше подобра од олимписката шампионка, нејзината сонародничка Белинда Бенчиќ.
Првиот полуфинален пар го сочинуваат лидерката во женскиот тенис Ешли Барти која ја исфрли Барбора Крејчикова од Чешка со 6-2 и 6-4 и Анжелик Кербер која во четвртфиналето ја прескокна Петра Квитова од Чешка со 6-4 и 3-3 (Квитова го предаде мечот).
Првото полуфинале се игра денеска од 17 часот, додека вториот меч кој ќе го одреди вториот финалист започнува во 22 часот по средноевропско време.