Top Sport

Поаире: Згрешив што го критикував Мекгрегор за ветените пари за донацијата

УФЦ ѕвездата Дастин Поаире вели дека направил грешка кога излегол во јавност со критиките кон Конор Мекгрегор околу тоа што Ирецот не го исполнил ветувањето за донација од 500.000 долари за добротворната организација на Поаире.

Поаире го совлада Мекгрегор со брутален нокаут во нивниот втор меч, и во средата беше потврдено дека третиот меч ќе се оддржи на 10 јули на УФЦ 264, откако прво Мекгрегор најави дека мечот е откажан по овие критики.

„Знаете, многу сум страствен околу мојата добротворна организација. Избрзав и личните работи помеѓу фондацијата и Конор ги направив јавни. Тоа беше моја грешка. Живееме, учиме. Целта ми е да ширам позитивност и да правам добри работи. Тоа беше потег со кој влегов негативна енергија и лично мислење“, вели Поаире.

Конор не ја дал ветената донација за Поаире, Ирецот го откажа мечот!

Scroll to Top