УФЦ борачот Дастин Поарие заврши со патерици по победата над Џастин Гетџи на УФЦ на Фокс 23, но сигурно ќе се чувствува подобро ако знае дека претседателот на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека тој е главен кандидат за меч со Хабиб Нурмагомедов.
Поаре (23-5 ММА, 15-4 УФЦ), кој е деветорангиран во лесната категорија според „УСА тудеј“ го реши мечот во четвртата рунда, но вели дека ударите со нога предизвикале болки.
„Примив повеќе удари од што требаше“, признава Поарие, кој доби отечено лево око. Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт вели дека Поарие дефинитивно е еден од кандидатите за дуел со шампионот Нурмагомедов (кој инаку ја освои титулата одземена од Конор Мекгрегор), но дека треба да „покаже срце“.