Хокеарите на Њујорк Ренџерс го добија традиционалното зимско хокеарско класико. Ренџерси, по продолжението, беа поуспешни од Бафало Себрс со 3.2.
Натпреварот кој ја отвора годината во најсилната хокеарска лига во светот, НХЛ, се одигра на бејзбол стадионот во Квинс, а го следеле 42.000 гледачи.
Голот за победа го постигна Џеј Ти Милер во третата минута од продолжението.
Претходно „полицајците“ испуштија предност од два гола, до која стигнаа со погодоците на пол Кери и Михаел Грабнер. Бафало во егал го вратија Сем Рајнхарт и Расмус Ристолаинен.
Покрај стрелецот на решавачкиот гол Милер, голема заслуга за победата на ренџерс има и голманот Хендрик Лундквист кој имаше 31 одбрана.