Top Sport

„Победата над Ѓоковиќ во Рио ми ја спаси кариерата“

Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро признал дека не е сигурен дека ќе ја продолжи тениската кариера.

Пополарниот Делпо преку социјалните мрежи разговарал со својот славен сонародник Ману Џинобили.

„Повредите ми беа најголемиот противник во текот на кариерата. Чувствував дека можам да ги надиграм своите ривали на теренот кога се вратив во 2018 година. Играв во финалето на Ју-Ес опен, а потоа повторно се повредив. Ми беше многу тешко“, рекол Делпо.

Тој во моментов се рехабилитира од уште една операција на коленото.

„Сакам повторно да играм, но тоа е тешко. Докторите се оптимисти, но тешко ми е кога некои работи не се одвиваат онака како што сум ги замислил“.

Тој признал дека во 2016 година бил блиску до одлуката да замине во пензија.

„Мислев да се откажам. Не можев да се помирам со фактот дека не можам да го удрам топчето како порано. Емотивно се чувствував лошо, физички бев добро подготвен. Но по победата над Новак Ѓоковиќ , во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро сѐ се смени. Ми се врати самодовербата и решив да продолжам“, рекол Делпо.

Хуан Мартин дел Потро во кариерата освоил 22 трофеи. Во 2009 година победи на Ју-Ес опен.

Scroll to Top