Легендарниот боксер Марјан Бенеш, починал во вторникот на 67-годишна возраст, во Бања Лука.
Според многумина, Марјан Бенеш и Мате Парлов се најдобрите југословенски боксери на сите времиња.
Во кариерата забележа 272 победи, а имал и 11 нерешени борби и 16 порази. На Европското првенство во бокс, одржано во Белград во 1973 година, Бенеш освоил златен медал во лесно-велтер категоријата, а истата година бил прогласен за најдобар спортист на Југославија.
Шест години подоцна како професионалец, ја освоил европската титула во верзијата на Европската боксерска унија во истата категорија.
Од боксот се повлекол во 1983 година.