Top Sport

Почина Пол Ален газдата на Портланд и Сихоукс

Сопственикот на Портланд Трејлблејзерс и Сиетл Сихоукс, Пол Ален, почина во понеделникот на 65-годишна возраст, објави неговата сестра. Ален е еден од основачите на гигантот „Мајкрософт“.

„Мојот брат беше посебна личност на сите нивоа. Додека многумина го познаваа Пол како технолог и филантроп, тој за нас беше сакан брат, вујко и пријател“, напишала Џоди Ален.

Бидејќи никогаш не се женел и немал деца, на јавноста не и е познато кој ќе ги наследи тимовите што беа во негова сопственост.

Ален починал од последиците на Нон-хочкиновата болест со која се борел од 2009 година, а пред две недели самиот објави дека болеста се „вратила“.

Scroll to Top