Top Sport

Под знак прашалник е одржувањето на Мастерсот во Мадрид

Здравствените организации во Шпанија ги советувале организаторите на Мастерсот во Мадрид да го откажат турнирот поради порастот на бројот на заразени со коронавирусот во шпанската престолнина.

Мастерсот во Мадрид треба да се одржи од 12 до 20 септември. Овој турнир треба да биде подготовка за тенисерите и тенисерките за Ролан Гарос кој ќе започне на 27 септември.

Организаторите нагласиле дека планираат наскоро да ја донесат конечната одлука бидејќи немало знаци дека ситуацијата ќе се смени во наредните недели. Од почетокот на пандемијата Шпанија пријави 305.000 заразени.

Scroll to Top