Top Sport

Под знак прашалник одржувањето на Австралија опен

Постои можност оваа година да не се одржи првиот тениски гренд слем во сезоната, Австралија опен.

Австралиските власти денес забранија влез на странски државјани во земјата до 2022 година. Исто така до 2020 година државјаните на Австралија нема да можат да ја напуштат земјата.

Доколку правилата важата и за Австралија опен тоа значи дека турнирот нема да биде одржан.

Медиумите не ја исклучуваат можноста во меѓувреме одлуката да биде сменета, но тоа ќе зависи од епидемиолошката ситуација, која во Австралија не е добра.

Вториот бран на коронавирусот ги натера властите да воведат полициски час во текот на ноќта.

Отвореното првенство на Австралија во тенис треба да се одржи од 18 до 31 јануари 2021 година. Минатата година победија Новак Ѓоковиќ во машка и Софија Кенин во женска конкуренција.

Scroll to Top