Top Sport

Поирие и Мекгрегор ќе се борат на 23.јануари

Дастин Поирие и Конор Мекгрегор ќе се борат на УФЦ 257 на 23.јануари наредната година. Пред неколку дена двајцата борци објавија дека го прифаќаат 23.јануари како датум на кој ќе се одижи борбата, а во вторникот со официјален постер, УФЦ, го потврди датумот.

Во лесна категорија Поирие е на второто, а Мекгрегор на четвртото место, на листата предизвикувачи. Шампион е Хабиб Нурмагомедов, кој пред неколку недели објави дека повеќе нема да се бори.

Ова значи дека тронот во лесна категорија е празен, иако првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, се надева дека Нурмагомедов ќе се врати за да ја одбработи и 30 борба во кариерата.

 

Scroll to Top