Top Sport

Полицаец го убил легендарниот Леандро Ло

Легендарниот бразилски џиу џицу борец, Леандро Ло е убиен во Бразил. Ленадро Ло имаше 33 години, тој бил убиен од полицаецот Енрике Отавио Велосо кој не бил на должност.

Леандро бил на концерт во Сао Паоло и според сведоците, Велосо дошол до масата каде што седел Леандро со пријателите и им зел шише што предизвикало реакција.

Леандро скокнал врз Енрике, го соборил и го притиснал на земја, поголем инцдент спречиле пријателите кои ги раздвоиле двајцата.

Меѓутоа, кога Енрике Велосо станал, извадил пиштол и ја застрелал Леандро Ло во челото, неколку часа подоцна и официјално бил прогласен за мртов од докторот Артуро Рибеиро де Сабоја.

Леандро Ло беше црн појас на бразилска џиу џицу и имаше осум титули на Светското првенство во ИБЏЏФ од 2012 до 2022 година.

Во текот на својата кариера ги победи великаните на овој спорт и некои од најдобрите „граплери“ досега како Гордон Рајан, Андре Галвао, Жилберт Дурињо Барнс, Роберто Сатоши, Аугусто Мендез, Фелипе Пења, Дилон Денис, Алан Белчер, Дави Рамос…

Scroll to Top