Top Sport

Полјаците најдобри на Планица

Полска го обележа вториот ден на натпреварите во ски-скокови што се одржуваат на Планица. Полјаците победија во екипна конкуренција, пред Германија и Словенија.

Полска во состав Камил Стох, Јакуб Волни, Давид Кубацки и Пјотр Зила освоија 1.627,9 бода. Германија настапи со Карл Гајгер, Константин Шмид, Рихард Фрајтаг и Маркус Ајзенбихлер. За третопласираната Словенија скокаа Анже Семенич, Петер Превц, Домен Превц и Тими Зајц.

Скокот на денот го забележа Германецот Ајзенбихлер, кој во петокот победи во индивидуалниот натпревар. Тој леташе 246 метри, што е за 5,5 метри помалку од рекордот на Штох од 2017 година.

Scroll to Top