Анонимниот полски квартет ја направи најголемата сензација на Светското првенство во сала, поставувајќи нов светски рекорд на последната дисциплина, 4х400 метри штафетата.
Карол Залевски, Рафал Омелко, Лукаш Кравчук и Јакуб Кржевина поставија светски рекорд од 3:01.77 во неверојатна трка, во која Кржевина успеа да го „улови“ Американецот Вернон Норвуд, кој требаше само формално да ја потврди победата на супериорната штафета на САД. Норвуд имаше личен рекорд од 45.31 на 400 метри во сала, додека најдоброто време на Полјакот беше 46.15.
„Ова беше неверојатен шок и изненадување за нас. Одевме на европски рекорд, но не очекувавме ваков резултат. Ниту во најлудите соништа“, вели Омелко.
Нивното време од 3:01.77 е подобро од рекордот од 3:02.13 поставен од САД на СП во сала пред четири години.
Фото: ЕПА