Top Sport

„Полуде“ откако го загуби мечот (Видео)

Шпанскиот тенисер Марио Виела Мартинез „полуде“ на турнирот во Шимкет, Казахстан откако беше поразен во првото коло.

Челинџерот во Шимкте се игра на земјана подлога, а Мартинез во првото коло загуби во три сета (6/1, 2/6, 5/7) по 125 минути игра од Томислав Бркиќ од Босна и Херцеговина.

Откако Бркиќ ја реализираше меч-топката, Мартинез „полуде“ жестоко го удираше рекетот од подлогата, а потоа го фрли на трибините.

Не е познато дали неговиот бес бил предизвикан од некоја судиска одлука или едноставно не очекувал дека ќе биде поразен.

Scroll to Top