Тајсон Фјури во неделата ја освои титулата во верзијата ВБЦ. „Кралот на Циганите“ во седмата рунда го нокаутираше Дионтеј Вајлдер.
Веднаш по победата над Вајлдер започнаа шпекулациите околу тоа кој ќе му биде следниот противник на Фјури.
Се шпекулира дека ќе има реванш со Вајлдер, иако Британците се надеваат дека Фјури ќе се соочи со Ентони Џошуа во чија сопственост се четири други титули во тешка категорија.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн, потврдил дека таа борба сигурно ќе се одржи, а „Дејли Мејл“ пишува дека тој меч ќе ги сруѓи сите рекорди.
„Дејли Мејл“, пишува дека државниот врв на Саудиска Арабија смета дека овој меч би можел да им ги отвори вратите на странските туристи. Поради тоа тие биле подготвени да понудат 400 милиони фунти за да се обезбедат дека Фјури и Џошуа ќе се боратз а титулите во нивната земја.
Овој извор тврди дека четворица влијателни членови на кралското семејство на Саудиска Арабија го гледале мечот Фјури-Вајлдер во Лас Вегас и дека биле воодушевени од она што го прикажал британскиот боксер.