Евгениј Поп Ацев е најдобарот спортист во Сокпје за 2018 година. Изборот го организираат Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје. Поп Ацев оваа година го освои третото место во вкупениот пласман во Светски куп во маратонското пливање.
На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.
Категорија најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):
1.Евгениј Поп Ацев – Академски Пливачки клуб Студент
2.Бобан Илиоски – Кикбокс клуб Шампион
сребрен медал Светско првенство маитаи, Канкун – Мексико
3.Дејан Недев – Карате клуб Работнички
двократен шампион на Европа во кати и кумите за сениори на Европски Шампионат, Белград – Србија
4.Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар
Прво место во регионална СЕХА Лига
Четврто место во Лигата на Шампионите
11.место на ЕП 2018 во Хрватска со репрезентација на Македонија
5.Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел
бронзен медал Европско првенство У21 , Варшава – Полска
сребрен медал Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
златен медал Балканско првенство, Букурешт – Романија
златен медал Европски Таеквондо Игри, Пловдив – Бугарија
6.Ненад Келебиќ – Карате клуб Цветан Димов
бронзен медал на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
7.Дарио Ивановски – Здружение Атлетски клуб Работнички
Прво место на Белградски полумаратон;
Прво место на Виз Ер Скопски Маратон;
10.место на 1.500 метри на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија;
4.место на 3.000 метри на Балкански игри на отворено, Стара Загора – Бугарија;
14.место на 1.500 метри на Светско првенство во сала, Бирмингем – Велика Британија
8.Фати Вејсели – Здружение Боречки клуб Лирија 2010
5.место на Светско првенство за јуниори, Трнава – Словачка;
10 место на Европско првенство за сениори до 23 години, Истанбул Турција;
2.место Балканско првенство за јуниори, Тирана – Албанија
9.Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта
3.место Скопски маратон
4 место Маратон, Подгорица
10.место Маратон, Холандија
Прво место полумаратон, Грција
4.место полумаратон, Грција
10 Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички
9.место на Медитерански игри 400 метри со пречки
5.место на Балканско Првенство – 400м со пречки
Категорија најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени)
1.Фахик Весели – Шотокан Карате клуб Олимпик
бронзен медал на Младински Олимписки Игри во Буенос Аирес
2.место на Европско Првенство во Сочи, Русија
2.Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб Бутел
бронзен медал Светско Јуниорско Првенство, Тунис
сребрен медал Софија Опен Г1, Софија – Бугарија
бронзен медал Турција Опен Г1, Турција
сребрен медал Балканско Првенство, Букурешт – Романија
3.Хамза Јашари – Здружение на граѓани Џудо клуб Миоки
3.место на Европско првенство за кадети
4.Викторија Варадинова – Кикбокс клуб Шампион
бронзен медал на Светско првенство Кик бокс, Лидо Ди Јесоло – Италија
5.Абдурахим Идризи – Карате клуб Макпетрол
златен медал на Светски Младински Карате Куп, Умаг – Хрватска
златен медал на Балканско Првенство за кадети, јуниори У21, Дубровник – Хрватска
Категорија најталентиран млад спортист – кадет
1.Бесир Алили – Здружение Боречки Клуб ЛИРИЈА 2010
2.место на Европско првенство во борење – кадети
Најуспешен тренер
1.Бошко Заборски – Карате клуб Макпетрол
Најуспешна спортска екипа од Скопје
1.Женски Ракометен клуб Вардар
1.место во Женска регионална СЕХА Лига;
2.место во ЕХФ Лигата на Шампионите
Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје
1.Иван Чупиќ – Ракометен клуб Вардар
Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби
1.Стоилко Стоицев – Здружение Планинарски клуб Македон
Оваа година успешно го искачи највисокиот врв во Европа Елбрус 5642 метри, и стана првиот Македонец како лице со хендикеп (лице со оштетен вид) што го има искачено врвот.