Top Sport

Поради Ковид 19 и петтата светска тенисерка ќе го пропушти САД опен

Минатогодишната освојувачка на Австралија опен, петтата светска тенисерка во моментов – Софија Кенин нема да настапи на овогодинешното издание на САД опен поради позитивен тест на коронавирусот.

„Неодамна бев позитивна на коронавирусот. За среќа, вакцинирана сум, па симптомите беа прилично благи. Сепак, се уште имам позитивен резултат, па нема да можам да учествувам на турнирот. Планирам во наредните неколку недели да се подготвам добро за настап на есенските турнири. Ви благодарам на сите за поддршката“ напиша Кенин на Твитер.

Таа немаше среќа со годинешните грен слем турнири.

На патот до одбраната на титулата во Мелбурн беше елиминирана во второ коло, а и настапот на Вимблдон го заврши во истата фаза. Во Париз, на РГ беше елиминирана во четвртото коло.

Scroll to Top