Top Sport

Поради Новак стана доминантен, сега го сака и неговото 1. место

Германскиот тенисер Александер Зверев смета дека 2021 година ја одбележаа тројца тенисери – Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев и тој.

„Во последните 6 месеци доминиравме Новак, Данил и јас. Верувам дека тој тренд ќе го продолжиме и наредната сезона. Стекнав самодовербаод она што го постигнав сезонава, а најголемиот напредок го направив ментално“ рече Зверев.

Токму победите над Ѓоковиќ му значеле многу на психички план, смета тој. Прашање е дали доколку не успееше да направи пресврт против српскиот ас на ОИ во Токио, во полуфиналето, дали Германецот ќе имаше сила да го освои и Завршниот турнир.

„Се чувствувам многу поопуштено на теренот и подготвен да им покажам на сите дека сум способен. Славјето над Ѓоковиќ во Токио ме направи непобедлив. Ги остварив целите кога работите изгледаа лошо. Постојат две работи кои се уште не сум ги остварил – да освојам грен слем и да станам број 1 во светот“ нагласи Германецот.

Scroll to Top