Top Sport

Поради семејна трагедија Анисимова се повлече од Ју-Ес опен

Младата американска тенисерка Аманда Анисимова се повлече од ју-Ес опен, откако во понеделникот нејзиниот татко и долгогодишен тренер Констатнтин Анисимов бил пронајден мртов.

Информацијата за „ЕСПН“ ја потврдил нејзиниот менаџер, кој рекол дека не знае што точно се случило и која е причината за смртта.

Анисимова е јуниорска шампионка на Ју-Ес опен од 2017 година, нејзините родители во 1998 година од Русија се преселиле во САД. На ВТА листата во моментов се наоѓа на 24 место, а воедно со 17 години е најмлада во Топ 100 на оваа листа.
Оваа година на Ролан Гарос стигна до полу-финалето што е досега нејзиниот најголем успех во сениорската кариера.

Последниот гренд слем турнир во сезоната, Ју-Ес опен, ќе започне на 26 август.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');