Али Абделазиз, менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, со низа навредливи пораки го испрати во пензија Конор Мекгрегор. Ирецот пред неколку дена објави дека се повлекува од ММА.
Неколку години владее нетрпеливост помеѓу Хабиб, Конор и луѓето околу нив. „Лошата крв“ меѓу нив кулминираше со тепачката која се случи по нивната борба на УФЦ 229 во октомври минатата година во Њујорк.
Нареден противник на Нурмагомедов треба да биде Џастин Гејџи кој го победи Тони Фергусон. Тоа ќе биде борба за шампионскиот појас во лесна категорија.
Инаку Мекгрегор побара да се бори со Гејџи, но ММА не му го овозможи тоа бидејќи претходно тој ја одби борбата со Фергусон. Конор тогаш рекол дека не е борец за замена и дека ММА не може да има таков третман кон него.
„Требаше да бидеш фраер и да се бориш со Фергусон. Со години се криеше од него. Џастин ја прифати борбата. Пи..о сега седи и гледај ги шампионите како се борат“, му порачал преку „Твитер“ Абделазиз на Мекгрегор.
Нурмагомедов и Гејџи би требало да се борат кон крајот на оваа година, локацијата се уште не е позната.