Германскиот тенисер Александар Зверев се наоѓа во центарот на вниманието на светската јавност, откако неговата поранешна девојка Олга Шарипова објави дека тој физички ја злоставувал.
Шарипова на „Инстаграм“, опишала како август минатата година, во Њујорк, била злоставувана од поранешното момче.
Иако таа не го наведе името и презимето на Александар Зверев, светски медиуми проценија дека станува збор за познатиот тенисер, бидејќи тие биле во врска во периодот кога се одржувал Ју-Ес опен.
„Мене ме тепаа и повеќе не сакам да молчам! Сакам да раскажам што ми се случи во минатото. Бев жртва на семејно насилство“, напишала Шарипова.
На коментарите, на оваа објава се споменува и осудува токму Александар Зверев. Олка на тие коментари ставала „лајкови“, што светските медиуми ги наведе дека насилникот бил тенисерот.
„Првиот пат се случи на почетокот на врската, се скаравме и ми ја удри главата од ѕид со таква сила од која паднав на подот. Што се случи потоа? Бев обвинета дека сум кренала рака…Личноста која секунда претходно ме удри, ми викаше дека го сакам него. Како е тоа можно? Зошто веднаш не го напуштив? Зошто му простив? Навистина на овие прашања не можам да одговорам. Го сакав, искрено го сакав и сакав да бидам со него. Мислев дека заедно ќе ги справиме работите“.
На крајот открила што се случило во Њујорк.
„Стоев на улица во Њујорк, не знаев каде да одам, ниту што да правам. Се обиде да ме задуши со перница, ми ја удираше глават во ѕид, можеше да ми ги скрши рацете…Во тој момент навистина ставува за својот живот. Тоа не беше прв пат да крене рака“, напишала Шарипова.
Доколку се докажат овие тврдења Зверев може да се најде во сериозни проблеми.