Top Sport

Поранешната руска олимписка шампионка нападна жена со новогодишна елка!

Поранешната олимписка шампионка во крос-кантри скијање, Олга Данилова е обвинета за напад на една директорка на учичиште на состанок со новогодишна елка на која уште биле и лампионите.

Екатерина Шагова, директорката на спортската школа која ја носи името на Данилова во руската област Владимир вели дека двократната олимписка шампионка свикала состанок на крајот на декември за да зборува за процесот на обука, по што била разочарана од тоа што го слушнала и на нарекла директорката неспособна

Според  Шагова, кога таа ја потсетила Данилова дека не го посетила шклото пет години, 48-годишната Данилова ја грабнала новогодишната елка од собата и почнала да ја удира.

Данилова беше член на рускиот скијачки тим кој доминираше во средината на 1990-тите. Таа освои три олимписки медали во Нагано во 1998 година, по што доби двегодишна суспензија на ЗОИ во Солт Лејк Сити во 2002 поради позитивен допинг-тест.

Фото: ЕПА

Scroll to Top