Поранешниот светски шампион на 400 метри со пречки, Кениецот Николас Бет загина во сообраќајна несреќа на 28 години, потврди Кениското министерство за спорт.
Бет загинал во областа Нанди во северозападна Кенија, откако неговиот автомобил излетал во дупка. Тој се вратил дома во вторникот по настапот на Африканскиот шампионат во Нигерија.
Бет победи на 400 со пречки на СП во Пекинг во 2015 година за да го донесе првиот златен медал за неговата нација во трка пократка од 800 метри. Неговиот брат близнак, Харон Коеч исто така трча на 400 метри со пречки.