Еден од најдобрите тенисери во историјата, Иван Лендл, во иднина ќе работи со талентираниот Германец, Александар Зверев.
Соработката помеѓу Лендел и 21-годишниот тенисер ќе започне пред почетокот на последниот гренд-слем во сезоната, Отвореното првенство на САД.
Зверев, во моментов се наоѓа на четвртата позиција на АТП листата, меѓутоа на гренд-слем турнирите никогаш не стигнал подалеку од четврт-финалето. Меѓу најдобрите осум се нашол само еднаш, оваа година на Ролан Гарос.
Инаку, Лендл е поранешен тренер на Енди Мареј. Британецот со него ги постигна најголемите успеси во кариерата, освои три гренд-слем титули, а во 2016 година се искачи и на првото место на АТП листата.
Отвореното првенство на САД во тенис ќе започне на 27.август.