Грчкиот тенисер, Стеванос Циципас, избори полу-финале на Мастерсот во Монте Карло. Циципас, во четврт-финалето, го доби првиот сет против Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина со 7/5, а потоа противникот му го предаде мечот поради повреда на стапалото.
По мечот, Циципас, го коментирал и вчерашниот пораз на Новак Ѓоковиќ од Даниел Еванс.
„Ако некој игра добро и победува, тогаш заслужува да е тука. Во овој случај секако дека поразот на Новак е изненадување. Сите беа изненадени. Еванс играше добро и направи се за да го победи. Но добро, изнанадување беше и кога Ѓоковиќ ја напушти Австралија со титулата, иако тврдеше дека е повреден. Во моментов не можам да се сетам каде ја имаше повредата ногата или стомакот…“, рекол Циципас.
Гркот, во полу-финалето ќе игра против Даниел Еванс.