Top Sport

После се чудат што ги исклучуваат од Олимпијада! Бизарен аматерски боксерски „нокаут“

„Нокаутот“ кој се случи на боксерскиот меч на аматерски турнир во Литванија покажува зошто Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) реши провизорно да го отстрани спортот од Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 доколку не се надминат „бројните проблеми“.

Во втората рунда од мечот помеѓу Турчинот Кутук Барис и Шкотланѓанецот Стивен Њунс Јуниор, Барис го фаќа противникот за врат, по што по паузата судијата наредува продолжување на мечот, за по краток клинч, да му одброи на збунетиот шкотски боксер и да го прекине мечот. Њунс призна дека бил зачуден од судиската одлука.

„Благодарам на пораките, но се чувствувам океј. Еве што точно се случи во втората рунда од финалето на турнирот во Литванија. Уште сум шокиран од тоа што се случи и мислам дека не заслужив вакво нешто од некомпетентен судија кој не ја врши својата работа. Ми ги уништи шансите во меч за злато“, признава Њунс.

Scroll to Top