Top Sport

Повторно „атомски тенис“ од Роџер Федерер (видео)

Роџер Федерер го доби својот меч на Хопман купот во Перт со тешка 6:3/7:6(8) победа над младиот Русин Карен Хачанов во дуел во кој посебно беше импресивен вториот сет.

Светскиот број 2 лесно го освои првиот сет со 6:3, но беше многу потешко во вториот против 21-годишниот Русин, а имаше и среќа во одлучувачкиот гем кога Хачанов одигра во аут, нешто што посебно беше разгледувано со видео-системот. По победата Федерер посебно се заблагодари на навивачите.

„Не можам да ви заблагодарам доволно што доаѓате. Знам дека публиката плаќа многу пари и патува многу за да ги гледа тенисерите. Тоа не смееме да го заборавиме“, изјави Федерер.

Scroll to Top