Top Sport

Познати осумте тенисерки на ВТА финалето

Најдобрата британска тенисерка, Јохана Конта ќе го пропушти ВТА финалето во Сингапур, откако се повлече од Кремљ купот следната недела поради повреда на стапалото.

На 26-годишната Конта и беше потребно да стигне до финалето во Москва за да обезбеди место за елитниот турнир на кој играат осумте најдобри тенисерки во календарската година.

Конта се повреди пред Хонгкок опен овој месец, а дотогаш беше на последното место кое води на финалето. Низата од пет порази значеше дека таа ќе биде заменета од Французинката Каролине Гарсија.

ВТА ФИНАЛЕ – СИНГАПУР

(1) Симона Халеп (Ром)

(2) Гарбиње Мугуруза (Шпа)

(3) Каролина Плишкова (Чеш)

(4) Елина Свитолина (Укр)

(5) Каролине Вознијацки (Дан)

(6) Венус Вилијамс (САД)

(7) Јелена Остапенко (Лет)

(8) Каролине Гарсија (Фра)

Scroll to Top