Поранешниот светски првак во пет различни категории, Флојд Мејведер, сепак ќе има борба против јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава. Борбата ќе биде егзибиција и ќе се одржи на 31.декември.
Најавеното враќање на Мејведер привлече големо медиумско внимание, пред две недели беше објавено дека борбата ќе се одржи, но откако боксерот дознал дека истата ќе биде глобален настан, пренесуван низ целиот свет, реши да ја откаже борбата..
„Со должна почит јас никогаш не сум слушнал за него додека не го запознав во Јапонија. Имав понуда да учествувам во девет минутна егзибиција, односно да се борам три рунди со противник што ќе биде избран од страна на Ризен федерацијата за боречки спортови. Брен Џонсон ме извести дека борбата ќе биде приредена за мал број на гледачи што имаат „длабок џеб“ и дека нема да биде пренесувана на телевизија никаде во светот“, напиша на 8.ноември Мејведер на социјалните мрежи.
Мејведер го смени мислењето откако разговарал со првиот човек на Ризе федерацијата, Нобијуки Сакакибара.
„Никогаш не разговаравме тоа да биде официјална борба, туку требаше да биде егзибиција. На крајот ќе има борба и тоа ќе биде најплатената егзибиција во историјата. Само на промоцијата заработив чек со седум бројки“, се огласил Мејведер и потоа ги открил правилата.
„Тоа ќе боде егзибиција во која нема да бидат дозволени удари со нозете. Јас и тој тип девет минути ќе се движиме низ рингот и за тоа „дебело“ ќе бидеме платени“, рекол човекот чии прекар е „Пари“.
"We're gonna make it happen. Rules? It's gonna be a little boxing exhibition. No kicking. I'm moving around with the guy for 9 minutes, and of course it's gonna be the highest paid exhibition ever." #RIZIN14 pic.twitter.com/fZjaN7RWGI
— Yodsanan (@_Yodsanan) November 15, 2018