Top Sport

Предизвикувачот на Џошуа позитивен на допинг

Американскиот боксер Џерел „Биг Бејби“ Милер паднал на допинг тестот. Милер за нешто помалку од два месеци требаше да му се спротивстави на Ентони Џошуа, шампионот во тешка категорија во верзиите на ВБА, Супер, ИБФ и ВБО.

Милер, како што објави „ЕСПН“, бил позитивен на забранетата супстанца „GW1516“. Тестот му бил направен на 20 март.

Иронично е што Милер на прес конференцијата, на која беше промовирана борбата со Џошуа, пред медиумите го обвинил својот противник дека користи недозволени средства.

Борбата помеѓу Милер и Џошуа требаше да се одржи н 1 јуни во „Медисн Сквер Гарден“ во Њујорк, а Милер од борбата требаше да заработи повеќе од шест милиони долари.

Милер има 30 години, во кариерата има 23 победи и едно реми. Тој во минатото се занимавал и со кик-бокс, а во 2014 година добил девет месечна суспензија поради допинг.

Scroll to Top