Top Sport

Премиерот на Викторија: Нема да им попуштиме на тенисерите

Премиерот на сојузната австралиска држава Викторија, Дарен Ендрјуз, уште еднаш повторил дека на невакцинираните тенисери не треба да им биде одобрен влез во земјата.

„Обидете се да влезете во САД, во поголемиот дел од Европа или Азија доколку не сте вакцинирани. Нема да добиете виза. Зошто тогаш кај нас да биде поинаку? Нема тука што друго да се каже. Ако сакате виза, морате да биде вакцинирани со две дози“, рекол Ендрјуз и појаснил.

„Гледачите ќе бидат вакцинирани, сите кои работата на турнирот ќе бидат вакцинирани. Тогаш е логично, сите оние што сакаат да бидат дел од турнирот да бидат вакцинирани“.

Сепак министерот за спорт во владата на Австралија, Мартин Пакула, во едно интервју рекол дека се ќе биде познато за неколку недели.

„И понатаму разговараме со Тенискиот сојуз на Австралија и Комонвелтот. Разговараме дали воопшто да им дозволиме на невакцинираните да влезат во Австралија, а доколку им дозволиме, тогаш кои ќе бидат условите. Не очекуваме ова да се реши барем за уште неколку недели“, рекол Пакула.

Scroll to Top