Организаторите на Австралија опен донеле изненадувачка одлука, квалификациите за пласман во главната ждрепка нема да се одржат во Мелбурн. „Марка“, тврди дека квалификациите ќе се играат во Дубаи или Доха и ќе започнат на 4.јануари.
Овој извор тврди дека Тениската федерација на Австралија својата одлука веќе им ја соопштила на тенисерите.
Тенисерите кои ќе успеат да ги мина квалификациите, пота ќе се преселат во Мелбурн, каде што најпрвин ќе мора да бида две недели во карантин. Во тој период, нема да смеат да го напуштат хотелот. Во тие две недели ќе имаат определено време во кое ќе можат да тренираат.
Титулите во Мелбурн ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ и Софија Кенин.