Top Sport

Про Реко демантира: Сукно сам реши да замине од клубот

Гигантот на европското ватерполо италијанскиот тим Про Реко ги демантира информациите дека му врачил отказ на Сандро Сукно кои има срцеви проблеми.

Сукно, еден од најдобрите светски ватерполисти, по дополнителните прегледи направени во декемвриобјави дека оваа сезона за него е завршена.

Од клубот изјавија дека на хрватскиот репреентативец веднаш му понудиле до крајот на сезоната да му биде помошник на првиот тренер Влада Вујасиновиќ.

„Од моментот кога дознавме за неговите проблеми со срцето, веднаш му овозможивме најдобри медицински третмани, сакавме што поскоро да се врати. Ги плативме сите летови, ноќевања, прегледите кај најдобрите италијански специјалисти, кои не се ништо полоши од американските. Додека беше на одмор, Сукно со семејството се врати во Хрватска. По прегледите во декмври, му понудивме да остане со нас и да му биде помошник на Вујасиновиќ до крајот на сезоната. Тоа го направивеме бидејќи ние сме семејство, а потоа ватерполо клуб. Но тој поради лични причини реши да остане во Хрватска. Ние го почитуваме неговиот избор“, рекол претседателот на Про Реко, Маурицио Фелуџо.

Инаку, последната дијагноза ја поставил Паоло Зепили, поранешен лекар на италијанската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите италијански стурчњаци за спортска кардиологија.

Но, Сукно и Ватерполо сојузот на Хрватска не ја прифатиле оваа дијагноза и ватерполистот пред еден месец започнал со ново лекување во една кардиолошка клиника во Кливленд.

Нечовечки гест на Про Реко – го отпуштија болниот Сукно

Scroll to Top