Top Sport

Про Реко ја освоија Евролигата – Мандиќ прогласен за МВП

Ватерполистите на Про Реко ја освоија титулата во Евролигата. Во финалето на Завршниот турнир, на кој учествуваа осум екипи, Про Реко го победија Ференцварош со 9:6 (3:2, 2:3, 2:0, 2:1).

Дуелот на двете најдобри екипи во Европа, го реши гранитната одбрана која ја одиграа играчите на Про Реко во второто полувреме. Лидер беше голманот Марко Бијач, кој имаше 13 интервенции.

Играчите на Ференцварош во второто полувреме постигнаа само еден гол.

Про Реко ја освои деветтата титула европски првак, има два трофеи повеќе од Младост Загреб и Партизан.

Најефикасен кај победникот беше Душан Мандиќ кој беше прогласен и за МВП на завршниот турнир.

Scroll to Top