Французинот Жулијан Алафилип ја продолжи одличната сезона со победа на Класика Сан Себастијан трката во Баскија, победувајќи го Холанѓанецот Бауке Молема во спринтерски финиш.
Алафилип (Квик Степ), кој оваа сезона победи на Флеш Валон трката на пролет, а стигна и до две етапни победи на Тур де Франс освојувајќи ја маичката со црвени точки како „крал на планините“, до својата осма победа во 2018 стигна преку шампионот од 2016 Бауке Молема, додека трет беше Французинот Антони Ру (ФДЈ) со 16 секунди заостанување.
Алафилип и Молема нападнаа на последното искачување во Баскија, Мургил Тонтора и успеаја да ги фатат Руди Молар (ФДЈ) и Антуан Толхук (Лото НЛ), за да постават спринтерски дуел за победата.