Top Sport

Промена на ритуал – Надал го извадил шорцот од задникот, па го „здроби“ Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ и стигна до 13. титула во Париз, но и до 20-тата грен слем титула во кариерата.

„Кралот на земјените терени“ во текот на дуелот со Србинот повторно ги користеше своите ритуали кои ги користи на сите мечеви, но овојпат имаше варијации на зададената тема.

„Новинарите на „Марка“ забележале дека при секој сервис Рафа трипати ги удирал патиките за да ги исчисти од земјата.

„Теренот беше полизгав од обично, беше потребно да се исчисти ѓубрето. На првиот ден од тренингот се лизнав неколкупати, па Карлос Моја ми рече Не заборавај тоа да го правиш пред секој поен, затоа што земјата се лепи за патиките. Ја немаше рутината која претходно ја правеше, туку работеше на подобрување на моето движење“ – истакна Надал.

За потсетување, Шпанецот при сервис најпрво ја чисти линијата, па го повлекува шорцот од задникот, а маицата ја влече нагоре. Потоа го брише носот, ја става косата зад левото уво, повторно го допира носот, па ја префрла косата позади десното уво.

Scroll to Top