Top Sport

Прва етапна победа за Кус

Сеп Кус, возачот на Јумбо-Висма, ја забележа првата етапна победа во кариерата на Тур Д’Франс. Етапата долга 193 километри од Серет до Андора, Кус ја мина за 5:12.06 часа. Второто место го освои Алехандро Валверде, кој задоцни 23 секунди, додека трет заврши Вотер Пас, кој задоцни 75 секунди.

Победата на Кус не донесе никакви промени во генералниот пласман. Лидер е Словенецот Тадеј Погачар, кој има пет минути и 18 секунди предност пред Колумбиецот Ригоберто Уран.

Утре е ден за одмор, а 16 етапа ќе се вози од Пас де ла Казе до Сент Годенс во должина од 169 километри.

Scroll to Top