Top Sport

Прва победа за Енди Мареј по операцијата на колкот!

Некогашниот најдобар светски тенисер, Британецот Енди Мареј ја запиша првата победа во сингл по операцијата на колкот во јануари годинава. Тој во првото коло од тенискиот турнир Жухаи Опен славеше над Американецот Тенис Сандгрен со 2-1 во сетови.

Мареј претходно во сингл настапи и во Синсинати, односно во Винстон, но таму беше елиминиран уште на стартот од Ришар Гаске, односно од Сандгрен, на кого сега му се реваншираше.

Во Жухаи првиот сет против Американецот го доби со 6-3, во вториот загуби во тај-брејк со 6-7, по што во третиот сет комплетно доминираше и триумфираше со 6-1.

Британскиот тенисер во второто коло игра против Австралиецот, Алекс де Минор.

Scroll to Top