Top Sport

Прва титула во 2021 година, Медведев го освои Марсеј

Данил Медведев го освои турнирот во Марсеј. Во финалето, Медведев за 134 минути го победи домашниот тенисер Пјер Иго Ербер со 6/4, 6/7, 6/4.

На патот до првата титула оваа година, Медведев направи два брејка во првиот сет, во кој и Ербер еднаш му го одзеде сервисот, а во третиот сет го брејкна противникот во десеттиот гем. Рускиот тенисер, во тај-брејкот, во вториот сет, имаше предност од 4:2, меѓутоа Ербер освои пет поени и во тој момент го израмни резултатот на 1:1.

Scroll to Top